Британски и француските служби и денеска продолжуваат со потрагата по Емилијано Сала и покрај малата веројатност да преживеал по падот на авионот на пат од Нант кон Кардиф.
Во светските медиуми денеска се појави и последната порака на Сала испратена кон свој близок пријател во Аргентина директно од авионот. Се претпоставува дека пораката е пратена неколку моменти пред авионот комплетно да исчезне од радарот на контролата на летање…
„Мртов сум.Се чувствувам многу уморно. Бев во Нант и правев многу работи, и работи, и работи… Сега одам во Кардиф со авион кој ми се чини дека ќе се сруши секој момент. Утре ќе тренирам со нови соиграчи. Ако не ви се јавам за еден час и половина, не знам дали ќе испратат некого да ме бара… Се плашам“ – е последната порака на Аргентинецот.
Emiliano Sala sent a message to his beloved ones: “I’m on the plane. It looks like it’s falling apart. If in an hour and a half you do not hear from me, I do not know if they will send someone to pick me up because they will not find me … I’m scared.” ?pic.twitter.com/2Zdmeu3ct0
— Get247Sport (@Get247Sport) January 23, 2019
Сала само пред три дена реализираше трансфер од Нант во Кардиф за 17 милиони евра. Во Велс летал со приватен авион на претседателот на својот нов клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА