Последниот аплауз во Санта Фе – погребан Емилијано Сала (видео)

Траорна беше атмосферата во Санта Фе, каде беше одржан погребот на Емилијано Сала, фудбалерот на Кардиф што трагично го загуби животот во авионска несреќа патувајќи на првиот тренинг за новиот клуб.

Потрагата по урнатиот авион вроди со плод, а пронајденото тело на фудбалерот на барање на семејството беше испратено во татковината.

При изнесувањето на ковчегот од катедралата можеa да се видат солзи на очите на присутните, но и да се слушне аплауз, последен во чест на Емилијано Сала.

Се вчитува...