Кире Лазаров го играше својот последен фајналфор во Лигата на Шампионите во „Ланксес Арена“ во Келн, каде македонскиот капитен и селектор еднаш со Барселона успеа и да го крене победничкиот пехар. Нант не успеа да стигне ниту до второто место во француското првенство, така што овој тим следната сезона речиси сигурно нема да биде дел од елитното натпреварување.
Лазаров го освои четвртото место на фајналфор турнирот, но самиот пламан на Ф4 и елиминациите на Киелце и на Веспрем се голем успех за Лазаров и соиграчите.
Тој постигна само еден гол на денешното „мало финале“, но и тоа беше вистинско ремек-дело, кога со удар од десет метри го матираше Жерар.
Прекрасен начин за простување од „Ланксес Арена“, каде Кире Лазаров постигна вкупно 68 погодоци во својата неверојатна кариера.
WATCH: @LazarovKiril7 shows his experience to equalise for @HBCNantes 👑#ehffinal4 #showtimeforehffinal4 pic.twitter.com/z97EpvPsRP
— EHF Champions League (@ehfcl) June 13, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА