Јавна тајна е дека Нико Ковач никогаш ја немаше целосната поддршка на фудбалерите на Баерн Минхен, што на крајот се покажа клучен фактор за негово заминување од „Алијанц Арена“.
Весникот „Билд“ обелодени и детали од последниот состанок што хрватскиот стратег го имал со своите играчи, при што влегол во конфликт со тројца од нив. Состанокот се одржал пред вчерашниот утрински тренинг, кога се најавуваше дека Ковач ќе добие уште една шанса да ги подобри резултатите па Хрватот решил отворено да говори за проблемите со Тијаго Алкантара, Серж Гнабри и Жером Боатенг.
„Не се обидувам да бидеш волшебник кога не си“ – му порачал тренерот на Алкантара, по што го искритикувал Гнабри дека „премногу лесно губи топки“, за на крајот да дојде редот и на Боатенг, кој се најде во тимот само поради повредите на Суле и Хименез.
„Во оваа ситуација мораше да бидеш попаметен. Зборуваме и вежбаме работи на тренинг, но не го пренесувате тоа на терен“ – истакнал Ковач, очигледно потенцирајќи го црвениот картон што Боатенг го доби на самиот почеток од мечот со Ајнтрахт, клучен момент за поразот од 5-1.
Веста за новиот конфликт на тренерот со фудбалерите експресно стигнала до управата, па според „Билд“ таа само придонела да се забрза разделбата од стратегот што освојуваше трофеи, но никогаш вистински не ги освои симпатиите на челниците, фудбалерите и навивачите на Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА