Последниот танц продолжува – Серена славеше и против втората носителка на УС Опен

Серена Вилијамс ја докажа својата класа и на последниот турнир во кариерата откако славеше против втората носителна на УС Опен, Естонката Анет Контавеит со 2-1 (7-6, 2-6, 6-2).

Во шеснаестина финалето 40-годишната Американка за противник ќе ја има Австралијанката Алија Томјановиќ која славеше против Русинката Евгенија Родина.

 

Изминатата вечер во Њујорк помина без големи изненадувања во машката конкуренција. Првиот носител Данил Медведев славеше против Артур Риндернех со 3-0 (6-2, 7-5, 6-5) и закажа меч против Јиблинг Ву од Кина. Ник Кирјос пак во четири сета славеше со 3-1 ( 7-6, 6-4, 4-6, 6-4) го совлада Бенјамин Бонзи и во следната рунда ќе се соочи со Американецот Џефри Волф.

Се вчитува...