Последниот тренинг ќе одлучи дали Адеми и Велковски ќе стартуваат против Германците

Последниот тренинг вечерва на „МСВ-арената“ во Дуисбург ќе го даде финалниот одговор околу стартниот тим на Македонија на утрешниот натпревар против Германија во квалификациите за СП 2022.

Селекторот Игор Ангеловски, како што вели, почетните 11 ќе ги одреди по вечерашниот тренинг. Во комбинација се и Аријан Адеми и Дарко Велковски, кои го пропуштија натпреварот со Лихтенштајн поради повреда.

„Се ќе зависи од денешниот тренинг. И Адеми и Велковски конкурираат за стартниот тим, ако мине се во најдобар со нив на последниот тренинг тогаш се очекува да се најдат во почетниот тим на утрешниот натпревар. Но, одлуката ќе биде дефинитивно донесена после денешниот тренинг“ – вели Ангеловски.

Се вчитува...