„Последниот цар“ замина во историја: Федор пребиен во последната борба од кариерата (ВИДЕО)

По 23 години завршена е една од најголемите кариери во ММА историјата. Изминатава ноќ се збогуваше легендарниот руски борец, Федор Емелианенко кој стави крај на спортската кариера со 46 години на грбот.

А, во својот последен меч се одлучи да се збогува во битката за појасот шампион во тешка категорија против Рајан Бадер, најсилниот можен тешкаш и борец од кого во претходниот меѓусебен дуел загуби по само 35 секунди.

Па, Федор не помина подобро ниту во втората меѓусебна пресметка која траеше малку подолго, но со пораз повторно уште во првата рунда. Бадер буквално го преби својот противник и го натера судијата Херб Деан да го прекине мечот, со што Бадер ја одбрани титулата а Федор со пораз ја заврши кариерата.

Федор, или „Последниот руски цар“, како што многумина го нарекуваат, за дел од ММА фановите е најдобар тешкаш во историјата и еден од најголемите ММА борци воопшто. Ја заврши кариерата со 40 победи и само седум порази, од кои два порази се од Бадер.

Се вчитува...