Барселона го направи најголемиот камбек во историјата на Лигата на шампионите, победувајќи го Пари Сен Жермен со 6-1. Со тоа ја анулираше негативата од четири гола (0-4) од првиот меч одигран во Париз.
Интересно е што се случуваше на „Камп Ноу“ во последните десет минути од мечот, односно од 85. до 95.минута, заедно со судиското продолжение. Барселона во тој период упати шест шута кон голот на ПСЖ и постигна три гола. На неверојатен начин. Два пати стрелец беше Нејмар, од слободен удар и од пенал, а на крајот победничкиот погодок беше дело на Серхи Роберто.
Но, за тие последни десет минути, интересно е дека тимот на ПСЖ изведе само четири прецизни додавања. А три од нив беа по примените голови од Барселона…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА