Поранешниот голман на српската репрезентација, Владимир Стојковиќ во разговор за „Журнал“ вели дека проблемот на фудбалската селекција на Србија што во неговата земја не се прашува само селекторот или стручните фудбалски лица за репрезентацијата. Што и да значи тоа…
Стојковиќ вели дека селекторите во Србија не се оставени сами да одлучуваат за селекцијата, но некој и тоа како се меша…
„Во последните пет-шест години не се прашуваше само селекторот за репрезентацијата“ – вели Стојковиќ и дополнува:
„Пласманите на големите натпреварувања ги остваривме благодарение само на стручњаци со авторитет. Беа тоа Илија Петковиќ, Радомир Антиќ, Славољуб Муслин и Драган Стојковиќ – Пикси. Селекторот мора самостојно да одлучува кој ќе му патува на првенство и кој ќе игра. А, тука не е така… Јас таква ситуација имав кај Муслин а пред тоа и кај Антиќ“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА