Последно коло во ПМФЛ, единствена непознаница Шкендија или Шкупи во квалификациите за КЛ

Со шест натпревари денеска ќе се затвори годинашната сезона во Првата македонска фудбалска лига. Откако Струга ТЛ со победата над Шкендија минатото коло ја одбрани титулата во ПМФЛ, единствена непознаница оваа рунда е кој ќе заврши на второто место и со тоа ќе обезбеди европски квалификации летово.

Шкендија во моментов има два бода предност од Шкупи и сама решава за својата судбина на гостински терен против Работнички. Од друга страна Шкупи и гостува на Струга Трим Лум.

Веќе одамна е познато дека нови второлигаши се Македонија ЃП и Брегалница, додека Вардар ќе игра бараж со Детонит Плачковица. Токму најтрофејниот клуб оваа кампања ја завршува со домашен меч против финалистот во купот Тиквеш, додека вториот финалист Воска Спорт на домашен терен ќе го пречека Гостивар. Силекс и гостува на Брегалница, додека овој шампионат ќе го затворат АП Брера и Македонија ЃП.

ПРВА ЛИГА – 33. КОЛО (денеска, 17 ч.)

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 

Струга: СТРУГА ТЛ – ШКУПИ 

Струмица: АП БРЕРА – МАКЕДОНИЈА ЃП

Кратово: СИЛЕКС – БРЕГАЛНИЦА

Скопје: ВАРДАР – ТИКВЕШ 

ОХРИД: ВОСКА СПОРТ – ГОСТИВАР

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...