Романија денеска со највисоки почести и во длабока тага се збогуваше со својот најголем фудбалски стратег, Мирчеа Луческу. Градот кој некогаш ечеше од неговите победи, денеска замолкна додека илјадници граѓани му оддаваа последна почит на човекот кој стана симбол на фудбалската еволуција.
Погребната поворка на популарниот „Ил Луче“ тргна од црквата „Света Елефтерија“ кон вечното почивалиште на гробиштата Белу. Ковчегот, кој претходно беше изложен на Националната арена за да можат навивачите да се простат од својот идол, во текот на целата церемонија беше симболично обвиен со романското знаме.
Луческу заминува во историјата како еден од најтрофејните тренери на сите времиња, стоејќи рамо до рамо со легендите како Алекс Фергусон и Пеп Гвардиола. Неговото заминување означува крај на една златна ера за романскиот и светскиот фудбал.
Mircea Lucescu, son yolcuğuna uğurlandı. https://t.co/doNwlScH2Y pic.twitter.com/MORI2OeLT5
— HatayX (@hatay_x) April 10, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

