Марк Флекен е предмет на потсмев во фудбалска Германија по смешниот автогол што голманот на Инголштад го прими на гостувањето против Дуизбург (2-1).
Домаќините тргнаа во навидум безопасна акција, гостинскиот дефанзивец рутински ја врати топката кон својот голман… само што не виде дека Флекен е влезен во мрежата, за да се напие вода. Голманот воопшто не ја следеше ситуацијата на теренот, па Кучке немаше тешка задача од половина метар да ја смести во неговата мрежа.
Погледнете како изгледаше најсмешниот автогол на германските фудбалски терени сезонава…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА