Посмртните останки на Пеле стигнaа на стадионот на Сантос

Ковчегот со телото на легендарниот фудбалер Пеле, од болницата „Алберт Ајнштајн“ стигна на стадионот на Сантос, каде што Пеле го мина најголемиот дел од кариерата. Бразилските медиуми наведуваат дека ковчегот ќе биде поставен на центарот на теренот, и сите кои ќе сакаат ќе може да му оддадат последна почит и да се простат од легендарниот фудбалер.

Пеле почина на 29. декември во 83. година од животот после долга борба со ракот. Пред стадионот на Сантос имаше повеќе илјади навивачи кои сакаат да се простат од еден од најдобрите фудбалери и спортисти на сите времиња.

Пеле ќе биде погребан во вторник на 3. јануари, а поворката ќе мине низ населбата каде што живее неговата мајка Селест, која има 100 години и натаму не знае дека нејзиниот син е починат.

Се вчитува...