Поставен нов рекорд во полумаратон

Џејкоб Киплимо, тркач од Уганда, го собори светскиот рекорд во полумаратон за цели 48 секунди. Киплимо го истрча полумаратонот во Барселона за 56 минути и 42 секунди – што е за 48 секунди подобро од неговиот претходен најдобар резултат.

Претходниот рекорд го држеше Јомиф Кејелча, со 57 минути и 30 секунди.

„Тоа беше совршена трка. Идеална температура, без ветер, фантастична патека – сè помина подобро од очекуваното. Пејсмејкерот го постави договореното темпо од 2:45, но се најдов полн со енергија и решив да внесам побрз ритам од третиот километар. Но, никогаш не замислував да настапам под 57 минути, тоа е неверојатно “, изјави Киплимо.

Се вчитува...