На фудбалските терени може се да се види, но ретко може да се види сцена како оваа од Цетиње, каде црвено фиќо се вози по теренот меѓу фудбалерите.
И тоа не како атракција, туку во функција на подготвување на теренот. Црногорците смислиле оргинален начин за поставување на корнер знаменцата. Наместо да се замараат да одат од едниот до другиот крај на теренот, тие се возат и од прозорот на фиќото ги закачуваат знаменцата. Кој да се заморува да излегува…
Впрочем, погледнете како изгледа црногoрскиот изум на дело:
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА