Постекоглу е омилен во Англија: Оставете ги навивачите да сонуваат, наше е да им ги исполниме желбите

Анге Постекоглу експресно ги освои симпатиите на англиската фудбалска јавност, не само поради одличниот старт на сезоната на Тотенхем, туку и поради природниот однос со кој зрачи австралискиот стратег.

Многумина во ситуација како оваа на Тотенхем не би сакале создавање на еуфорија ако се знае дека клубот е премногу долго без трофеј, но Постекоглу ги охрабри навивачите на „спарси“ да сонуваат за врвни успеси.

„Зошто да ми пречи? Еуфоријата меѓу навивачите не е лоша работа. Оставете ги тие луѓе да сонуваат, да бидат возбудени… тоа е убавината да си навивач. Имаат премногу проблеми и нервози кога тимот им губи, оставете ги целосно да уживаат барем кога победува. Јас не сум овде за да им ги уривам соништата, напротив, сите ние сме тука за да им ги исполниме желбите, да им донесеме радост секој нареден викенд. Некогаш ќе успееме, некогаш не, но тоа е нашата работа“, изјави Постекоглу.

И навистина, овој стручњак кој зрачи со позитивна енергија поставува некои поинакви стандарди во Премиер-лигата…

Се вчитува...