Тренерот на Тотенхем, Енџи Постекоглу изјави дека освојувањето на Лигата на Европа оваа сезона може да биде пресвртница за фудбалскиот клуб кој нема освоено трофеј цели 17 години.
Тотенхем ќе игра против Манчестер Јунајтед во финалето на Лига Европа на 21. мај во Билбао и ќе се обиде да го освои првиот трофеј по 17 години и победата во Лига купот, односно првиот европски трофеј од 1984 година и освојувањето на Купот на УЕФА.
На новинарско прашање за важноста од освојувањето на трофејот, Постекоглу рече дека тоа ќе биде одлично за него, но многу поважно е што тоа би значело за клубот.
„Кога ќе ја погледнете историската позадина на овој клуб во изминативе 20 години, се чини дека е пресвртница во начинот на кој луѓето го перцепираат овој клуб и како клубот се перципира себеси, што мислам дека е најважно. Додека не го направите тоа, без разлика што друго ќе постигнете, луѓето ќе речат дека не сте освоиле ништо. Во нашата игра и во животот воопшто, така највеќе судат луѓето“, изјави Постекоглу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

