Тотенхем изминатото лето започна нова ера во својата историја откако од тимот замина долгогодишниот капитен Хари Кејн кој дресот на „петлите“ го замени со оној на германскиот гигант Баерн Минхен.
Премиерлигашот се уште ја бара идеалната замена за репрезентативецот на Англија, но се чини дека тренерот Анге Постекоглу го има решението. Станува збор за напаѓачот на Борнмут, Доминик Соланке.
Дваесетишестгодишниот Англичанец беше мета на повеќе премиерлигашки гиганти, но не реализираше трансфер и покрај интересот. Во новата сезона продолжи да настапува во врвна форма, а во последниот натпревар против Нотингем Форест го предводеше својот тим до триумф со хет-трик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА