Постекоглу: Јас не сум кловн

Тотенхем и Манчестер Јунајтед, едни од најлошите тимови во Премиерлигата оваа сезона денеска од 21 часот ќе си ги одмерат силите во финалето во Лига Европа. Освоен трофеј во ова натпреварување ќе значи и спас на сезоната за еден од англиските тимови па затоа овој натпревар е од големо значење.

Тренерот на Тотенхем, Анже Постекоглу беше „потсетен“ на важноста на овој натпревар на пресконференцијата за медиуми. Новинар го праша дали е свесен дека е на граница неговиот тим да ја има една од најлошите или една од најдобрите сезони во поновата историја, но прашањето наиде на револт кај грчкиот тренер.

„Без разлика на финалето, јас не сум кловн и никогаш нема да бидат. Ме разочара што искористи такви терминологија за да опишеш човек кој работи 26 години, без помош од никого, човек кој стигнал до оваа позиција и во води својот клуб во европско финале. За ти да сугерираш дека не сме успешни значи дека јас сум кловн. Не знам како да го одговорам прашањето“, изјави Постекоглу.

Се вчитува...