Постекоглу: Ниту еден тренер не зборува за титула во октомври

Тимот на Тотенхем е на чело на табелата во Премиерлигата, а тоа ги зголеми апетитите на навивачите на тимот дека може да дојде до титула.

Меѓутоа менаџерот на екипата, Ангелос Постекоглу не се согласува со овие очекувања, и вели дека е многу рано да се зборува за некаква титула.

„Има навистина добра причина зошто ниту еден тренер не сака да зборува за титула во октомври или ноември. Тоа е затоа што знаеме дека има уште многу долг пат“, изјави Постекоглу.

Тренерот им порачал и на играчите да не размислуваат на титула, туку да се фоксуираат на следните натпревари.

„Не разговараме за титула со играчите, главната цел е како да ја подобриме нашата игра и да се справуваме со предизвиците во најконкурентната лига во светот секое коло“, изјави менаџерот на Тотенхем.

Се вчитува...