Иван Перишиќ веројатно ја заврши мисијата со Тотенхем. Хрватскиот интернационалец ќе отсуствува од терените до крајот на сезоната поради повреда, но веројатно нема да игра повеќе за лондонскиот тим, односно дека по крајот на сезоната ќе го напушти клубот.
Ова го потврди тренерот на клубот Анте Постекоглу, кој што денеска на прес-конференција го соопшти планот на подготовките.
„Морам да бидам чесен и да кажам дека напорно работи. Очигледно сака да биде подготвен за репрезентацијата. Неговото отсуство е тежок удар. Очекував голем придонес од него, но повеќе нема да игра за нас“, откри Постекоглу.
Веќе неколку години се шпекулира дека одличниот левокрилен фудбалер ќе оди во Хајдук, но неговиот „кам-бек“ во Сплит не се оствари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА