Тренерот на англискиот премиерлигаш Нотингем Форест, Енџи Постекоглу, е пред отказ.
Нотингем веќе промени еден тренер сезонава во името на Нуно Еспирито Санто и реши кормилото да му го довери на поранешниот стратег на Тотенхем.
Австралискиот тренер го водеше Нотингем на седум натпревари, но не запиша ниту една победа, а тимот моментално се наоѓа на 17. позиција на табелата во Премиер-лигата.
Според англиските медиуми, Маринакис веќе разгледува опции за наследник на Постекоглу, а како главен кандидат се споменува искусниот Шон Дајч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

