Постекоглу против ВАР системот: Кога ќе се пензионирам ќе гледам помалку фудбал

Менаџерот на Тотенхем, Енџи Постекоглу го критикуваше ВАР системот. Тотенхем загуби од Челси со 1-0 во 30. коло во Премиер-лигата, а менаџерот на тимот има замерки кон ВАР.

Тој се пожали поради предолгото траење на прегледот на ситуациите кои ги контролира ВАР. Така во една ситуација се изгубија шест минути во ВАР проверка. Тоа се случи во 69. минута кога Сар погоди во противничкиот гол, но потоа по интервенција на ВАР беше поништен поради прекршок.

„Имаше 12 минути прекини и дефинитивно сметам дека за ова не беше воведен ВАР. Јас сум единствениот кој зборува за ова. Не слушам некој друг да зборува. Затоа седам овде и размислувам: можеби навистина не сум во контакт со ова. Кога ќе се пензионирам, најверојатно ќе гледам помалку фудбал и ќе се занимавам со друго хоби. ВАР постои долго време, шест минути за проверка – и секој пат не знам дали некој ќе интервенира или не. Се чини дека сите се задоволни со тоа“, рече Постекоглу.

Се вчитува...