Тотенхем ремизираше со 1-1 на гостувањето кај Ренџерс во последниот натпревар во Лига Европа по кој топ тема на разговор останува репрезентативецот на Германија, Тимо Вернер кој одигра катастрофално прво полувреме па беше заменет уште на паузата.
Коментарите не ги задржа за себе ниту тренерот Анже Постекоглу кој го критикуваше својот напаѓач за шестнаесетте загубени топки и ниту еден од петте добиени дуели за 45. минути игра.
„Тоа што Вернер го прикажа за мене е неприфатливо. Му кажав на Тимо, тој е репрезентативец на Германија. Неговата игра во првото полувреме беше неприфатлива. На овој тим потребни му се сите, па и тој. Потребно е сите да допринесат бидејќи немаме долга клупа и немаме луксуз да ги изоставиме играчите бидејќи не играат добро. Од постарите играчи очекувам одредено ниво, а тој не го покажа“, изјави Постекоглу по средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА