Постекоглу: Сон е како Роналдо

Тотенхем ја продолжи серијата импресивни резултати со триумф над Кристал Палас, меч на кој Хеунг Мин Сон стигна до осмиот премиерлигашки погодок. Тренерот Постекоглу реши да не бара нов центален напаѓач по заминувањето на Кејн, таа улога давајќи му ја на корејскиот репрезентативец кој одлично се снајде.

Постекоглу веднаш по натпреварот испрати комплименти до целиот тим, но и до Сон, споредувајќи го својот голем ас со Кристијано Роналдо.

„Не сум човек што сакада прави споредби, но кога го гледам Сон, гледам во него многу работи што ги има и Кристијано Роналдо. Двајцата почнаа како крилни офанзивци, но поседуваат толку многу квалитет што можете да ги користите на илјада начини. Отсекогаш сум чувствувал дека Сон има неверојатен голгетерски инстинкт, лесно ги претвора акциите во голови, знае да се движи и да влезе во шанса. Затоа и не размислував многу да му ја доделам таа улога наместо да носиме нов централен напаѓач. Знаев дека го има тоа во себе, затоа и не сум изненаден што игра така добро од стартот на сезонава“, изјави Постекоглу.

Се вчитува...