Постекоглу тешко дека ќе ја преживее најновата бламажа на Тотенхем

Тотенхем падна на 16. место на табелата по комплетирањето на 33. коло од Премиер-лигата откако „спарси“ доживеаја ново фијаско, губејќи на домашен терен од Нотингем Форест со 1-2. Тренерот Постекоглу и пред овој меч се соочуваше со огромен притисок, а по најновиот „кикс“ големи се шансите дека управата на Тотенхем ќе му врачи отказ на австралскиот стратег пред полуфиналните пресметки од Лигата на Европа против Бобо Глимт.

Вечерашниот дуел беше решен за само петнаесетина минути, колку што им беше потребно на гостите од Нотингем да поведат со 0-2 преку Андерсон и Крис Вуд, по што домашниот тренер Викарио имаше и неколку одлични интервенции со кои спречи трет погодок за „шумарите“.

Тотенхем заигра нешто подобро во вториот дел, во финишот намали со голот на Ришарлисон, што сепак беше премалку за да се избегне пораз на овој натпревар.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...