Постигна голчиште, но сите зборуваат за неговата прослава (ВИДЕО)

Фудбалерот на Фенербахче, Мухамед Гумушкаја постигна гол во стилот на Роберто Карлос на вечершаниот натпревар од Конференциската Лига против финскиот ХЈК, но првиот гол во сениорската кариера за младиот играч го засени неговата прослава.

 

Имено, 20-годишникот тргна кон навивачите на Фенербахче обидувајќи се да го бакне грбот на клубот на неговиот дрес, меѓутоа новиот дрес на Фенербахче нема истакнат грб и истиот е испринтан по целиот дрес, но тешко може да се воочи со оглед на тоа што е во иста боја како и дресот.

Се вчитува...