Арне Слот ќе биде нов менаџер на Ливерпул откако „црвените“, како што пренесоа поголемиот дел од островските медиуми, успеаја да се договорат со Феенорд за трансфер на Холанѓанецот.
Слот има договор со Феенорд до 2026 година, тимот од Ротердам не сакаше да го ослободи без соодветна отштета, но според пренесувањата на медиумите веќе е постигнат договор со кој холандскиот тренер ќе може да го наследи Јирген Клоп на клупата на Ливерпул.
Веста за договор меѓу двата клуба ја потврди и Фабрицио Романо. Според информациите од Холандија, Феенорд за да го ослободи Слот ќе добие меѓу 13 и 15 милиони евра.
🚨 BREAKING: Arne Slot will be new Liverpool head coach replacing Jurgen Klopp at the end of the season!
Agreement sealed on compensation between Feyenoord and #LFC, all set also on contract details for Slot.
Here we go. 🇳🇱 pic.twitter.com/Ud3QB6U20m
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) April 26, 2024
За 45-годишниот Арне, премиерлигашот Ливерпул ќе биде четврти клуб во неговата тренерска кариера, а прв надвор од Холандија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА