Францускиот репрезентативец Антоан Гризман долго време се поврзува со најголемите светски клубови, но се чини за неколку денови и дефинитивно ќе стави потпис на договор со својот нов клуб. А тоа е Барселона!
Претседателот на Барса, Хозе Марија Бартомеу одби да открие дали Гризман ќе дојде во клубот, но англиски „Телеграф“ тврди дека веќе е договорен неговиот трансфер за 120 милиони евра.
И самиот Гризман претходно најави дека заминува до Атлетико Мадрид…
„На сите им е јасно каде Гризман ќе игра следната сезона. Сите тоа веќе го знаеме, уште од март. Негов нов клуб е Барселона“ – изјави и директорот на Атлетико Мадрид, Гил Марин.
Според најавите, официјалната потврда на трансферот на Гризман во Барселона ќе биде на 1. јули.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА