Португалскиот играч, Ренато Санлчез и дефинитивно го напушта Лил, но не и Франција. 24-годишниот фудбалер веќе извесно време е на мета на ПСЖ и Милан. Иако првично беше поблиску до „Сан Сиро“ каде требаше да го наследи Франк Кесие кој бесплатно се пресели во Барселона, на крајот францускиот шампион го обезбеди неговиот потпис и наскоро целиот епилог треба да добие и официјална потврда.
Ренато ќе биде само еден во низата добри трансефри под водство на новиот спортски директор Луис Кампос и тренерот Кристоф Галтие.
Средниот ред на парижаните претходно го засили Витињо кој дојде за 41,5 милиони евра од Порто, но сигурни се заминувањата на Џорџинио Вајналдум, Идрис Гује и Леандро Паредес. Кампос и Галтие го имаа Санчез како примарна цел ова лето. Тој треба да дојде на позајмица, но ПСЖ ќе има право да го откупи договорот на крајот од сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА