Постигнат гол и еден поништен за Миовски во победата на Ренџерс во Лига купот (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ренџерс се пласираа во полуфиналето на Лига купот на Шкотска, откако денеска во четвртфиналниот дуел на домашен терен славеа над Хиберниан со 2-0.

Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Раскин во 42. минута, а во судиското надополнување од првиот дел на 2-0 зголеми нашиот репрезентативец Бојан Миовски. Миовски најдобро се снајде во противничкиот шеснаесетник и го постигна својот прв гол во дресот на шкотскиот великан.

Rangers 2-0 Hibernian – Bojan Miovski 45+1' (Scottish League Cup)
byu/4gjdtokurwa insoccer

Миовски и вторпат ја затресе мрежата на противникот во 66. минута, но неговиот гол беше поништен со ВАР поради офсајд.

Се вчитува...