Постои и таков човек: Разочаран сум што Тухел си заминува од Баерн Минхен

И додека скоро па никој не сака да соработува со еден од најпреценетите тренери на денешницата Томас Тухел, има и такви луѓе иако се малку кои што сакаат да играат за германскиот стратег.

Англискиот дефанзивец Ерик Дајер изјави дека е разочаран од одлуката на клубот од Минхен да ја прекине соработката со тренерот Томас Тухел на крајот на сезоната. Баерн пред четири дена објави дека по разговорите со Тухел, одлучено е германскиот стручњак да го напушти клубот од Минхен на крајот на сезоната.

„Разочаран сум што Тухел заминува од Баерн. Ме донесе овде, имаме добри односи. Штета е што го напушта клубот, Тухел е многу добар тренер. Не направивме доволно како тим во последните неколку недели, резултатите не лажат. Мораме да ја завршиме сезоната што е можно поскоро, што е можно подобро“, рече Дајер. 

Тухел го презеде Баерн во март 2023 година, а имаше договор со минхенскиот клуб до 30. јуни 2025 година. Минатата сезона со Баерн на среќен начин ја освои титулата во Бундеслигата.

Се вчитува...