Постои само еден човек во светот од кого се’ уште се крие смртта на Марадона!

Легендарниот Диего Армандо Марадона почина на крајот на ноември 2020 година. Но, Карлос Билардо, кој ја предводеше Аргентина од клупата во 1986 година кога го освои Светското првенство, се’ уште не дознал за смртта на легендарниот фудбалер.

Не е тајна дека Марадона и 83-годишниот Билардо беа во одлични односи, и се чини дека конечно дојде време да му биде кажано на легендарниот тренер за смртта на еден од најдобрите фудбалери во светот.

Популарниот „Доктор“ и понатаму продолжува често да прашува како се чувствува Марадона, но досега никој ништо не му кажал, па најблиските до него засега одлучиле да молчат за смртта.

Здравствената состојба на Билард е доста комплицирана и семејството верува дека секоја шокантна вест не е добра за него, поради што не му кажале за смртта на Алехандро Сабела.

Сепак, сега е време да се кажеме трагичната вест. Оскар Ругери и Хорхе Буручага, кои играа за Аргентина во 1986 година, ќе го сторат тоа.

Инаку, Билардо беше тренер на Аргентина од 1983 до 1990 година, а исто така беше директор на националниот тим од 2008 до 2014 година. Меѓу другите, работел со Лионел Меси, Анхел Ди Марија, Серхио Агуеро и други.

Се вчитува...