ПСЖ ја завршува годината од сништата во која беа освоени речиси сите можни трофеи, освен оној на ФИФА Светското клупско првенство во кое парижани загубија од Челси во големото финале.
Францускиот гигант долго чекаше на оваа доминација, а истата ја оствари без ѕвездите Меси, Нејмар и Мбапе, но со помош на шпанскиот стручњак Луис Енрике кој конечно најде место каде што може да ја сподели својата фудбалска филозофија.
Раководството на ПСЖ е презадоволно од Шпанецот па е подготвено и да направи преседан, да му даде доживотен договор, пренесуваат француските медиуми.
Актуелниот договор на Енрике трае до крајот на следната сезона, но ПСЖ нема дилема дека тој е идолот на клубот, вистинскиот човек кој треба да добие чест која ретко се гледа во спортот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

