Келн направи потег кој ретко кој го очекуваше врачувајќи му отказ на тренерот Герхард Штрубер на две кола пред крајот на втората лига во Германија.
Клубот е на добар пат да се врати во Бундеслигата, пред самиот крај на сезоната има предност од три бода пред Елверсберг и Падерборн на втората позиција на табелата која воедно носи и директна промоција во најелитниот германски фудбал, но во најважните 180 минути во сезоната нема на клупата да го има стратегот кој е најзаслужен за досегашниот успех.
Изненадувачкиот отказ доаѓа по ремито со Регенсбург и тоа нема да биде единствената промена во Келн бидејќи отказ доби и спортскиот директор Кристијан Келер.
До крајот на сезоната Келн ќе биде предводен од Фридхелм Функел, а позицијата спортски директор ќе ја наследи Томас Кеслер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

