Потегот на првиот ден од Купот на Македонија не е дело на некој кошаркар, туку на навивачите на КК Кожув популарните „Фантоми Север“, кои за време на дуелот на нивниот тим со Кожув истакнаа транспарент во чест на Јовица Трпески.
Младиот кошаркар на Гостивар беше еден од загинатите во сообраќајната несреќа пред два месеца. Дрес со неговото презиме беше истакнат на трибината каде што стојат навивачите на КК Кожув, а публиката го скандираше неговото име
Потег за респект, за што веднаш следеше и порака со благодарност од КК Гостивар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА