Македонската јуниорска кошаркарска репрезентација забележа три победи во воведните три натпревари на Евробаскетот во „Б“ дивизија кој се одржува во нашиот главен град. По триумфите над Ирска и Босна и Херцеговина, вчера „црвено-жолтите“ славеа и над еден од директните ривали за место во четвртфиналето Чешка.
Натпреварот го одбележа и „постер“ забивањето на Стефан Стојковиќ. На стартот на последната четвртина младиот кошаркар на Феникс 2010 украдената топка ја искористи за атракција која долго ќе се врти по најавните шпици.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА