Рубен Аморим вечерва за последен пат го води Спортинг Лисабон на меч од Лигата на Шампионите, а фановите на Спортинг се погрижија омилениот тренер уште долго да ја памети оваа ноќ.
Така, пред почетокот на дуелот со Манчестер Сити на една од трибините на стадионот во Лисабон беше развеано огромно знаме со ликот на Аморим, трофеите што ги освои о овој клуб и зборо „Обригадо“ (португалски за благодариме).
Аморим веќе се договори да се пресели на клупата на Манчестер Јунајтед, а по вечерашниот дуел за последен пат ќе го води Спортинг следниот викенд против Брага, по што и официјално ќе се пресели во Премиер-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА