Потег за почит: Панатинаикос во целост ќе го исплати договорот на починатиот фудбалер

Веста за починатиот фудбалер на Панатинаикос и репрезентативец на Грција, Џорџ Балдок кој на 31-годишна возраст го загуби животот во својот дом во атинско предградие ја шокираше јавноста кај нашиот јужен сосед.

А, пак само неколку дена по трагичната смрт дојдоа вести кои наидоа на позитивна реакција. Имено, како што пренесуваат грчките медиуми Панатинаикос во целост ќе го исплати неговиот договор кој е со важност во следните три години.

Парите ќе ги добијат неговата сопруга и едногодишно дете со цел да бидат заштитени во болниот момент од животот.

Се вчитува...