Потег за почит: ПСВ, Ајакс и Феенорд ќе донираат пари на останатите холандски клубови

Големата тројка на холандскиот фудбал, Ајакс, ПСВ Ајндховен и Феенорд, ги собра симпатиите на спортската јавност ширум Европа откако се реши за несекојдневен потег – заеднички да донира средства за останатите клубови од својата земја.

Имено, управата на трите клуба постигнаа заеднички договор, а потоа се договорија и со челниците на холандската лига „Ередивизије“, секоја од трите екипи да донира по 10% од приходите што ќе ги оствари од натпреварувањето во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа.

„Без оглед колкава ќе биде заработката, 10% од парите ќе одат на сметка на останатите екипи од лигата. Целта е да се помогне на клубовите со помали буџети, а воедно првенството дополнително да се засили и стабилизира, за да не назадува во однос на останатите лиги ширум Европа“ – објавија холандските медиуми.

Фантастичен потег за денешно време, што би требале да го следат и останатите големи клубови ширум Европа.

Се вчитува...