Потег за почит: Шкупи го повлекува бројот на Лазаров и ќе му исплаќа плати додека трае договорот

Шкупи, последниот клуб на прерано починатиот македонски фудбалер Андреј Лазаров кој трагично го загуби животот во трагедијата во Кочани на социјалните мрежи соопшти дека официјално се повлекува бројот „77“ кој тој го носеше додека настапуваше за скопскиот клуб.

Дополнително, клубот се одлучи и во целост да го испочитува договорот со Лазаров со тоа што платите ќе бидат доделени до неговото семејство.

Соопштинието на ФК Шкупи ви го пренесуваме во целост:

„ФК Шкупи донесе одлука да го повлече од употреба бројот 77, кој го носеше Андреј Лазаров сè до неговото прерано заминување од овој свет. Ова е еден мал гест од наша страна, во знак на почит и благодарност за неговиот придонес во клубот.

Исто така, клубот одлучи неговото семејство да ги добива платите според договорот што Лазаров го имаше со ФК Шкупи.

Андреј Лазаров засекогаш ќе остане дел од историјата на ФК Шкупи, а овие одлуки донесени од раководството се мал знак на почит за оддавање чест на неговото сеќавање“, објави Шкупи.

Се вчитува...