Српскиот кошаркарски клуб Мега се одлучи за потег кој наиде на голем поздрав во светот на кошаркарта. Имено, тренинг салата на овој клуб во иднина ќе го носи името „Дејан Милојевиќ“ кој прерано го напушти овој свет, потврди претседателот Миодраг Ражњатовиќ.
Поранешниот кошаркар, а подоцна и тренер кој забележа голем успех со белградскиот тим вчера го загуби својот живот на 47-годишна возраст по срцев удар на вечера на неговиот тим Голден Стејт Ворирос во американскиот град Солт Лејк Сити.
Today in Belgrade, at Mega factory, training facility of BC Mega Mis, where Dejan spent almost all his coaching career! The name of the venue will be changed very soon. pic.twitter.com/LENLmZqZVj
— Misko4Raznatovic (@MiskoRaznatovic) January 18, 2024
Од Милојевиќ во текот на вчерашниот и денешниот ден се опростија голем број на кошаркарски работници.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА