Потег за респект: По елиминацијата од Велс, главниот судија ги тешеше расплаканите фудбалери на Украина (ФОТО)

Селекцијата на Велс стана последниот патник на Светското првенство кое на крајот на оваа година ќе се одржи во Катар откако синоќа со 1-0 славеа против селекцијата на Украина.

Единствениот гол го постигна искусниот Јармоленко кој си ја затресе сопствената мрежа и донесе ерупција од радост на стадионот во Кардиф.

Сите репрезентативци на Украина минуваат низ крајно тешки моменти во своите животи откако во нивната земја интензивно се одвива воен удар наметнат од Русија, па јасно е дека овој пораз им дојде како дополнителна „сол на рана“.

Тоа го почувствува и главниот судија, искусниот шпански арбитар, Матеу Лахоз кој по крајот на натпреварот замина да ги теши украинските фудбалери, нешто што не е својствено за еден судија.

Лахоз најмногу се задржал кај фудбалерот на Манчестер Сити, Олександр Зинченко кој во последно време никако не може да ги сокрие своите емоции.

 

 

 

Се вчитува...