Потег за секоја почит: Тренерот на Минесота го стави Инглс во првата петорка поради неговиот син

Џо Инглс веќе е во доцните играчки години и ова му е последна сезона во НБА, а минатата вечер ќе ја памети посебно.

Австралискиот кошаркар оваа сезона настапува за Минесота и речиси нема минутажа на теренот и нема никаква улога. Тој е ветеран во тимот и повеќе им помага на помладите соиграчи, но имаше посебна улога во натпреварот против Пеликанс.

Имено, минатата недела сопругата на Инглс дошла со трите деца од кои едното има аутизам да го гледа натпреварот на Минесота, а Австралијанецот не влегол во игра.

Тоа овој пат го поправи тренерот на Минесота, Крис Финч. Во стартната петорка го вклучи Инглс, а Австралиецот одигра нешто повеќе од шест минути. Тој не се запиша во листата на стрелците, но децата го видоа во живо на паркетот.

Се вчитува...