Потегот на Бразилецот во Јунајтед ги „збесна“ сите: „Тој е кловн…“

Манчестер Јунајтед синоќа со леснотија го совлада Шериф со 3-0, но една ситуација посебно го разлути Тен Хаг и сите во Манчестер Јунајтед. Тренерот на англиската екипа не беше импресиониран со потегот на својот фудбалер Антони, кој во една ситуација додека немаше никого до него, изведе ротација од 720 степени. Тоа ја забави акцијата на Јунајтед, а поради несериозноста, Антони беше повлечен од игра. Тоа беше при резултат 0-0.

Овој потег го разлути и легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс. Легендарниот фудбалер на Јунајтед кажа дека овој потег е смешен и го нарече Антони „кловн“.

„Не знам што прави овој. Тоа е смешно. Не знам зошто го прави тоа. Кога имаш предност од 4-5 гола можеш да направиш такво нешто. Ова не е забава, а со овој потег покажвуа дека е кловн“, рече Сколс. 

Подоцна на прес-конференцијата Тен Хаг кажа дека измената на Антони била планирана, но според изразот на лицето не делувало дека е така.

Потегот на Антони може да го погледнете ТУКА.

Се вчитува...