Потегот на второто коло во Првата кошаркарска лига му припадна на Мофит (ВИДЕО)

Второто коло од Првата кошаркарска лига донесе шест нови интересни натпревари ширум терените во Македонија.

На натпреварите во „Јасмин“ и СЦ „Јане Сандански“ беа забележани и несекојднени погодувања од половина терен со звукот на сирената, но потегот на колото му припадна на кошаркарот на Чаир 2030, Демонте Мофит.

Американецот кој блесна во дебито на мак-баскет сцената имаше импресивен натпревар и во „Кале“ против ТФТ каде го „прати по бурек“ својот сонародник Двејн Морган.

 

Се вчитува...