Потер: Јас не сум проблемот во Челси

Грем Потер го наследи Томас Тухел на клупата на Челси како желба на новиот газда на клубот, Тод Боели. За младиот, перспективен тренер беше платено и обесштетување до Брајтон, но тој воопшто не ги исполнува очекувањата.

Челси притоа потроши и над 600 милиони евра на засилувања за само една сезона, но и тие не беа доволни за лондонскиот клуб да слави против фенерџијата Саутемпптон на домашен терен во 24. коло.

Незадоволството од новиот пораз на својот клуб го изразија и самите навивачи на „Стемфорд Бриџ“, се поголеми се и гласините за отказ на Потер, а тој воопшто не смета дека е проблемот на Челси.

„Сигурен сум дека ќе има луѓе кои ќе мислат дека јас сум проблемот. Но мислам дека не се во право, сепак јас не сум доволно арогантен за да кажам дека нивното мислење не вреди да се анализира. Јас сум тука да му помогнам на тимот и продолжувам да работам напорно“, вели Потер.

Челси по 23 одиграни натпревари во Премиерлигата е на 10. место на табелата со 31 освоен бод, осум бода зад местата кои водат во европските натпреварувања следната сезона.

Се вчитува...