Брајтон е во потрага по нов тренер откако со крајот на сезоната од клупата замина италијанскиот стратег Роберто де Зерби. Очекувањата беа дека камбек на „Фалмер“ би можел да направи Грем Потер кој го предводеше тимот пред неговиот договор да биде откупен од страна на Челси, но преговорите пропаднаа.
Потер нема да се врати назад во Брајтон, а тоа ја отвара вратата за 31-годишниот Германец роден во Соединетите американски држави, Фабијан Хурцелер.
Хурцелер од 2022 година е дел од Сент Паули, а оваа сезона успеа да го врати тимот назад во Бундеслигата по пауза од 13 години.
Доколку Германецот седне на клупата на Братјон тој ќе биде најмладиот тренер во историјата на Премиерлигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА