Потер пред ултиматум од Боли: Победа или отказ!

Сопственикот на фудбалскиот клуб Челси, Тод Боли е подготвен да му даде повеќе време на менаџерот Греам Потер за да го извлече лондонскиот клуб од криза. Челси потроши повеќе од 600 милиони евра на засилувања во летниот и зимскиот преоден рок, но „сините“ се само на десеттото место во Премиер лигата со 31 бод.

Лондонскиот клуб има 11 бода помалку од местото што го води во Лигата на шампионите следната сезона. Навивачите побараа од Боли да му го предаде отказот на Потер по минатонеделниот пораз на домашен терен од последнопласираниот Саутемптон (0-1). Лондонскиот клуб последната победа во Премиер-лигата ја забележа на 15. јануари против Кристал Палас (1-0).

Боли е свесен дека незадоволството кај навивачите расте од недела во недела, а британските медиуми пишуваат дека Потер би можел да добие отказ доколку Челси не го победи Тотенхем на следниот натпревар од Премиер-лигата. Потер го презеде Челзи во септември минатата година, откако Томас Тухел доби отказ.

Се вчитува...