Резултатската криза на Челси уште повеќе се продлабочи по денешниот пораз од Саутемптон, со што дополнително се зголемува притисокот врз менаџерот Грем Потер.
Овој стратег се покажа како катастрофална замена за Томас Тухел, па јасно е зошто фановите со свирежи кон него и кон фудбалери испратија јасна порака до газдата Боели, дека очекуваат промени во клубот.
„Првото полувреме беше далеку под нивото, честитки за Саутемптон. Од најразлични причини ние не игравме онака како што требаше. Одговорот во вториот дел беше одличен, создадовме толку многу шанси што не можам да поверувам дека го загубивме овој натпревар. Ги разбирам навивачите, сфаќам зошто се незадоволни. На нас е да продолжиме да работиме за да ги оствариме резултатите што се очекуваат“, изјави Потер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

